(ВИДЕО) Шилегов: Жал ми е Милошоски што имате различно поведение на седница и на координација

Од:

Пратениците се уште не можат да се договорат за деловникот на работа на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето и темата се враќа назад во фаза на преговори. Денеска беше прекината и презакажана третата седница на оваа Комисија, а деловникот се уште не е усвоен. Членовите на Комисијата деновиве ќе се координираат околу предлог текстот со надеж дека ќе го договорат до понеделник.

Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, вчера најави дека на денешната седница ќе присуствува олеснувачот во преговорите, белгискиот експерт Питер Ванхауте, за да им го објасни на пратениците принципот гласот на претседателот да биде одлучувачки во случај кога гласовите на членовите се изедначени. Сепак било решено Ванхауте да не присуствува затоа што во координацијата за деловникот бил постигнат напредок меѓу пратеничките групи.

-Ванхауте не е присутен затоа што заклучивме дека нема потреба откако дојдовме до усогласување на дел од ставовите за деловникот. Сепак потребен е уште еден период за да ги надминеме разликите меѓу пратеничките групи и се јавува потеба од дополнително време – рече Шилегов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, праша дали Ванхауте е отсутен затоа што има различни ставови од СДСМ по однос на решението во случај на еднаков број гласови. На тврдењата на Шилегов дека има таков случај во словенечкиот и во британскиот парламент, Милошоски рече дека го превеле деловникот од словенечкиот и дека таму нема таков случај некој пратеник, член или претседател на Комисија да има право на два гласа.

-За кој парламент и за која Комисија се работи? – праша тој.

На тоа претседателот на Анкетна рече дека на писмено ќе ги добие одговорите додека пратениците го усогласуваат деловникот.

-Жал ми е господине Милошоски што не го почитувате тоа што го договоривме на координација. Прашањето што го споменавте дополнително ќе го разговараме. Но ќе потсетам на она што го рече Ванхауте пред извесно време, дека зборот си е збор. Жал ми е што на координацијата вашето поведени беше сосема поинакво од сегашното – рече тој.

Решението гласот на претседателот на биде одлучувачки не било договорено во формална смисла меѓу партиите, како што објасни Шилегов, туку било предложено од страна на олеснувачот во преговорите како стандардна пракса во развиените демократии.

На денешната седица присуствуваше и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој учествува паралелно во преговорите за медиумите. Пред почетокот на седницата тој рече дека дошол од интерес и дека не се знае кога ќе има договор за медиумите затоа што прашањето за Анкетна комисија одземало многу време.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ