(ВИДЕО) Шилегов: Запрепастен сум од евтините ветувања и популизмот за целосно бесплатен јавен транспорт

Од:

Ако градот земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на градот?

Одговарајќи на новинарско прашање што мисли за изборната понуда за бесплатен јавен превоз, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов одговори:

„Јас сум изненаден за некој што се себе си се претставува за добар менаџер, како така напамет дава ветувања. Трошоците на јавниот транспорт во градот Скопје изнесуваат околу 30 милиони евра годишно. Основниот буџет на град Скопје е 80 милиони евра годишно. Ако градот го земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на градот?“

Според градоначалникот Шилегов, „некој што себеси се претставува дека е менаџер, барем треба да има основни знаења, и познавања за овие категории, потоа да дава ветувања, коишто се очигледно лажни, и очигледно популистички“.

Шилегов укажа дека неговиот пакет е направен врз основа на финансиската моќ на градот Скопје: „За разлика од тоа, ова што го зборувам, е направено по основ на анализи за финансиската моќ на градот, по основ на конкретен број на луѓе коишто се корисници во целиот овој социјален пакет, и целиот овој пакет, целата оваа понуда којашто ја доставуваме до нашите сограѓани, е одржлива, финансиски реална, добро изменаџирана, што се манири на добар менаџер. Најпрво добро планираш, потоа реализираш.“

На крај на одговорот, Шилегов укажа дека е запрепастен од евтините ветувања, популизмот, и непознавањето на основните работи за јавниот превоз во Скопје: „Евтините ветувања и популизмот, јас навистина сум запрепастен, како некој се себе претставува за менаџер, без да ги знае основните работи на јавниот превоз во Скопје“, поентираше градоначалникот на Скопје во одговорот на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски