(ВИДЕО) Шилегов: СДСМ ќе поднесе Кривична пријава за криминогената и незаконска одлука на судијката Поп Стефанија

Од:

За криминогената и незаконска одлука на судијката Александра Поп Стефанија СДСМ ќе поднесе Кривична пријава. Во името на заштитата на правото и законите СДСМ ќе побара преиспитување на нејзината работа како и работата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Криминогената одлука да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување, во којшто се вмешани Гордана Јанкуловска, Горан Грујевски и други осомничени, е спротивна на законските прописи по повеќе основи, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Прво, во кривична постапка, овластен тужител може да биде физичко лице или обвинителство. СЈО е токму тоа, обвинителство. Ова значи дека постапката е покрената е покрената од надлежен орган, СЈО. Второ, во конкретниот случај станува збор за предмет за којшто судот веќе има постапувано и носено решенија. За тоа, дали некој е овластен тужител или не, се оценува на почетокот на постапката. Ова е уште едно прекришување на законот. Трето, Републичкиот судски совет ја делегирало Поп Стефанија од судот во Неготино во судот во Скопје да суди предмети во Одделнието за прекршоци. Согласно оваа одлука Поп Стефанија нема законско право да одлучува за предмети за организиран криминал.

Оттука назначувањето на Поп Стефанија за судија во организиран криминал и судија во овој предмет е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Републичкиот судски совет и Правилникот за работа на Судот. Владимир Панчевски нема законско право да ја прераспределува во одделот за организиран криминал. Оттука, основани се сомнежите дека „некој“ намерно, пред два месеци, непосредно после аболицијата, ги донел овие незаконски одлуки за распределба.

Согласно информациите достапни во медиумите Александра Поп Стефанија е дел од партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството. Според овие информации сопругот на Поп Стефанија е дел од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, бил член на Комисијата за лустрација и Секретар на општина Неготино.

Се потврдува стравот на власта во заминување дека судиите во правосудството може да започнат да судат според законите а не според потребите на криминалната власт.

Овие незаконски одлуки се обид да се одбрани криминалната власт од правдата и законите. Ништо друго. Но, бегање од правдата и законите нема да има. Како што пропаднаа досегашните обиди, преку одлуките на Уставниот суд, преку криминалната аболиција, така ќе пропадне и овој. Правда ќе има. Секој што го прекршил Законот ќе одговара. Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво“, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ