(ВИДЕО) Шилегов: Не само што бил пијан и избегал, Диме Спасов користел и службено возило

Од:

„Оваа власт на Никола Груевски е опасна по живот и мора да замине. Секој нов ден со нив, загрозени се животите на нашите деца, нашите имоти и безбедноста на граѓаните.

Oва  е местотo каде што, синоќа, Диме Спасов дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, пијан, со службено возило удрил неколку возила и избегал. Спасов е човекот кој со години управува со градинките, онаму каде што се згрижуваат нашите децата.

Уште колку жртви треба однесат овие луѓе со сопствената аздисаност?

Што ако на улицата, на овој паркинг имало деца, тинејџери, граѓани? Дали и тогаш ќе избегал?

После сообраќајката Диме Спасов избегал. Ова ја покажува врвна неодговорност на кадрите во оваа Влада, којашто така и го почна својот мандат. Со убиство на млад човек.

Диме Спасов, не само што бил пијан, туку и користел службено возило надвор од работно време, и тоа возилото во сопственост на Агенцијата за вработување!  Кој и како му дозволил на Диме Спасов да користи службено возило на Агенцијата за вработување? Ова претставува класична злоупотреба на институциите, класична злоупотреба на имот на граѓаните, на имотот на Република Македонија.

Диме Спасов ќе мора да понесе одговорност за синоќешниот инцидент. Му препорачуваме  да се повлече и да не се појавува во јавност. Тој повеќе нема никаков морален и политички кредибилитет да зборува за грижа за граѓаните. Затоа што на дело што се виде како се грижи за нив. Ќе нанесе штета и ќе избега.

Македонија не заслужува ваква неодговорна власт.

Власта на Груевски не смее повеќе да ја води државата“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?