(ВИДЕО) Шилегов: Нема ништо поважно од здравјето на граѓаните и тоа треба да биде во центарот на политичката програма

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов денеска беше во Општина Кисела ВОда каде што рече дека и таа општина е жртва на неодговорните, нелпанирани и лошо политики и токму поради тоа граѓаните на Скопје го дишат и најзагадениот воздух и живеат во најзагадената животна околина.

– Меѓу другото во нашата програма предвидуваме и тим, луѓе којшто перманентно ќе работат на расчистување на дивите депонии, на расчистување на каналите, на расчистување на сметот како што е овој позади мене кој што го гледате со цел да обезбедиме здрава животна средина за граѓаните. Овдека во Кисела Вода ќе започне ревитализацијата на планината Водно, од овде ќе ја започнеме и сопреме дивата сеча на шумата, ќе го ревитализираме секој оштетен дел, од овде во Кисела Вода ќе започнеме со изградба на пречистителните станици и колектори со цел да ја подобриме животната средина, смета Шилегов.

Тој изјави дека во Скопје во моментов нема ништо поважно од здравјето на граѓаните и тоа треба да биде во центарот на програмата.

– Токму заради тоа, предвидуваме да заврши со системска работа загадувањето во текот на мандатот, заедно со кандидатот за градоначалник и градоначалник на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, ќе ги преземеме сите неопходни мерки во различни сегменти од општеството да влијаеме и да сработиме скопјани конечно да имаат здрава животна средина, вели Шилегов.

Кандидатот од СДСМ рече дека граѓанинот е центарот на политиките на централно ниво, а по 15-ти октомври ќе докажеле дека интересите и здравјето на граѓаните ќе бидат примарен интерес и на локални ниво.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС