(ВИДЕО) Шилегов: Ќе овозможиме чаршијата да го добие својот полн сјај

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов денеска од Старата скопска чаршија изјави дека тој како иден градоначалник на Скопје, претседателот на Владата и идните градоначалници на Центар и Чаир, заедно со еснафот ќе работат на проблемите со коишто се среќаваат луѓето кои егзистираат во скопската чаршија.

– Да им овозможиме брза, ефикасна ревитализација, исполнување на основните инфраструктурни заложби коишто овде недостасуваат, како што се нормални приоди и пристапи, изградба на нови паркинг места во околината, отворање на скопската тврдина за пристап на граѓаните и на туристите како и уредувањето на просторот во и околу Битпазар, рече Шилегов.

Тој додаде дека целта на тоа е да се вратат стандардите на добро планирање, добра инфраструктура и да се овозможи чаршијата, која што е вековит симбол на градот Скопје, повторно да го добие својот полн сјај, бидејќи овде со векови наназад се среќавале цивилизациите, луѓето работеле, живееле, имале соживот едни со други.

– Едноставно го правеле она за што ние ја водиме оваа кампања, го живееле животот за сите. Во чаршијата секогаш имало и простор за сите и живот за сите. Се обврзуваме во најкраток можен рок, по освојувањето на мандатите на претстојниве локални избори, да го исполниме Меморандумот во целост. За тоа имаме општа согласност, и дел од љубовта која секој од нас ја има за овој дел од Скопје, да го вложиме во овој дел од Скопје како би можеле да го вратиме животот во скопската чаршија, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството