(ВИДЕО) Шилегов: Јалов обид на Груевски да избега од вистината и одговорноста за прислушкувањето

Од:

„Во текот на денешниот ден Анкетната комисија за скандалот со незаконски прислушкуваните разговори не супеа да усвои дневен ред со цел да биде одржана седница на Анкетната комисија . Напоменувам дека оваа седница беше најавена уште на 03-ти декември со завршувањето на втората комисија и на денешниот дневен ред требаше да бидат сослушани предложените од листите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

За жал не смогнаа ниту сила, ниту храброст ВМРО ДПМНЕ да се соочи со вистината по кој знае кој пат и одлучи, наместо да пристапи кон конструктивна работа на Анкетната комисија, да ја опстриура нејзината работа, да не го изгласа дневниот ред за да не можат високите државни и политички фунцкионери на ВМРО ДПМНЕ да се појават пред Анкетната комисија и да одговорат на ненарачаните прашања на членовите на Анкетната комисија барем на дел од нас“, рече на денешната прес конференција, Петре Шилегов, пратеник, претседател на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето.

„Со жалење можам да констатирам дека Никола Груевски не најде за сходно ниту да се обрати писмено до Анкетната комисија иако тоа требаше да го направи до 7-ми, а Зоран Ставрески се обрати денес давајќи термин надвор од термините коишто беа посочени во писменото барање и јавното усно барање до Анкетната комисија.

Анкетната комисија не е партиски штаб на ВМРО ДПМНЕ за да можат Никола Груевски или Зоран Ставрески да ги одбираат термините. Термините се даваат со цел да допре до јавноста вистината и со цел Анкетната комисија брзо и непречено да ја обавува својата работа и својата фунцкија.

Барањето на ВМРО ДПМНЕ денеска да се стават точки на дневен ред е надвор од планот и програмата бидејќи планот и програмата на Анкетната комисија предвидуваат одржување на посебни седници на државните институции поврзани со скандалот со прислушувањето и беше во фунцкија да се обели прљавиот образ на Никола Груевски за неговото непојавување на сослушување пред Анкетната комисија.

Анкетната комисија без оглед на поведението на ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи со своите секојдневни активности. Веќе за утре е свикана нова седница, и на истата, тема на дневен ред ќе биде сослушување на сведоците Мартин Протугер, како прво посочен од листата на СДСМ, со оглед на тоа што Никола Груевски денеска не се појави пред Анкетната комисија и Зоран Ставрески како второпредложен од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Одбивањето или непојавувањето на овие лица пред Анкетната комисија, да дадат изјава и да бидат сослушани не претставува ништо друго освен јалов обид од јавноста да се сокрие вистината и истите да не бидат носители на политичката одговорност бидејќи меѓу другото овдека треба да разговараме и за содржината на објавените прислушувани разговори како и одговорноста на овие носители.

СДСМ стои на располагање на ВМРО ДПМНЕ на посебна седница да се разгледуваат нивните барања и да се формираат посебни работни групи со цел да се посетат овие институции којшто денеска беше побарано. Тоа ниту имаме намера да бегаме, ниту сме побегнале. Меѓутоа таков тип на седница треба да биде договорена, искоординирана со цел да закажеме соодветни термини пред наделжните институции.

Тоа што ВМРО ДПМНЕ одбра во Анкетната комисија да стави лица коишто се директно инволвирани во прислушуваните разговори и имаат конфликт на интереси зборува само за поведението на ВМРО ДПМНЕ бидејќи очигледно е дека барем тројца членови од Анкетата комисија коишто се инволвирани во прислушуваните разговори немаат ниту личен ниту политички интерес да Анкетната комисија се разговара меѓудругото и за нивните прислушувани разговори.

Продолжуваме понатаму со работа.

Јавноста ќе суди кој сака да се соочи со вистината која сака да се разговара за обелоденетите прислушувани разговори, а кој сака со предложување на измислени точки на дневен ред да го одолговлечи и оневозможи работењето на Анкетната комисија.

Како претседател на комисијата тврдам дека можеме да ги исполниме сите закоски предвидени услови за затворање на седницата и работење на седниците иако напоменувам не постои договор за затворање на седниците. Желба е на ВМРО ДПМНЕ да се затворат седниците кога ќе сведочат нивните високи фунцкионери, СДСМ со таквата желба не се согласува и ќе сториме се што е во рамките на нашата законска и деловничка меѓутоа и политичка моќ да избегнеме затворено сведочење на Никола Груевски и врхушката околу него“, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Филипче: Реверсот не го оправдувам, за да има лек за сите паценти морале да го земаат

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ