(ВИДЕО) Шилегов: Иванов, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да кажат зошто ниедна аболиција не е поништена

Од:

„Помина цела недела од едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и лошата глума за наводно решение за криминалната аболиција.

Божем го сменија законот за помилување за да му овозможат на Иванов да ги поништи аболициите.

Да беа минимум искрени во нивната наводна желба за поништување на аболициите Иванов во првиот час ќе ги поништеше сите.

Лицето Ѓорге Иванов можеше но не поништил ниту една аболиција“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Кабинетот на Иванов, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да одговорорат зошто до денеска ниту една аболиција не е поништена?

Со ова, уште еднаш се потврди. Никола Груевски преку нарачаната аболиција кај Иванов го држи појасот за спасување од кривично гонење за него и неговите соработници.

Едностраните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се само обичен театар, немаат значење, не функционираат.

Целосно поништување на незаконската одлука на Иванов за аболиција мора да има и ќе има.

Правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара“, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Пендаровски се залагал да се исклучи аболицијата во новиот предлог закон за помилување

Орце Костов

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Поништувањето на аболициите од Иванов е уставно, се отвора патот за предметите на СЈО

Кристијан Ландов

Дебатата за помилувањата го отвора прашањето за одговорноста на Иванов

Ана Ололовска