Добив известување дека Груевски не сака да влезе во салата се додека во неа се присутни медиумите, рече претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов, по што ги замоли новинарите и камерманите да ја напуштат салата пред да влезе премиерот, Никола Груевски. Тој денеска ќе биде сослушуван за скандалот со прислушувањето.
– Оставам на неговата чест зошто сака исказот да го сокрие од јавноста. Груевски сака сослушувањето на оваа седница да биде надвор од очите на јавност. Зошто еден премиер сака да го сокрие својот исказ од граѓаните ќе оставам на него. Од овој момент салата е затворена за јавност, а граѓаните нека донесат заклучок зошто е тоа така – рече Шилегов.
Маја Васева