(ВИДЕО) Шилегов до Бонева: Течењето низ ногавици не е класифицирана информација

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето бараа да им се обезбедат безбедносни сертификати на техничкиот персонал во Собранието и на оние пратеници кои ги немаат за да можат да се одржат затворени седници на кои би присуствувале високите владини функционери од оваа партија. Како и да е, Комисијата се уште не донела одлука дека седниците ќе бидат затворени, поради што претседателот, Петре Шилегов, рече дека нивното барање е преурането.

-Од каде знаете Бонева дека Груевски кога ќе дојде ќе добие затворена седница – и се обрати пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, на пратеничката која бараше да се создадат услови за седници на кои ќе и биде забранет пристап на јавноста.

Шилегов посочи дека нема оправдана причина за седниците да бидат затворени. Нема доверливи податоци, рече тој, во тврдењата од „бомбите“ дека врвот на ВМРО-ДПМНЕ договарал изборни манипулации, наредувал гласачи да се тегнат за уши, дека било нарачано рушењето на Комосос и дека премиерот, Никола Груевски презел во своја сопственост поголема градежна површина на Водно.

-Не гледам класифициран податок во течењето по ногавици, тегнењето за уши, купувањето плацеви на Водно, барањето да се лустрираат судии во Кичево. Да не ја извртуваме работата на оваа Комисија – рече Шилегов и не доби контра-реплика од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски денеска не се појави на закажаното сослушување пред Анкетна, а доколку се појаваше членовите на Комисијата ќе требаше да се поризнесат на барањето на ВМРО-ДПМНЕ седницата да биде затворена за јавноста. За да се затвори седницата, барањето на ВМРО-ДПМНЕ треба да добие мнозинство гласови од бројот на членови на Комисијата која е составена од 16 пратеници.

Деншниот предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се одложи сослушувањето, не доби мнозинство затоа што против гласаа пратениците од ДУИ, а воздржан беше пратеникот од ДПА. ВМРО-ДПМНЕ брои осум члена во Анкетна, а потребни се девет гласа за да се донесе одредена одлука.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шилегов: Поради бојкотот и блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, Анкетната не функционира

Емир Латифовиќ

Собранието ја продолжи расправата за анкетна комисија за фалсификување лични карти

Емир Латифовиќ

Продолжува расправата за Анкетната за фалсификувањето лични карти

Емир Латифовиќ

Ќе се формира Анкетна за фабриката за лични карти, СДСМ не предложи членови

Ана Ололовска