(ВИДЕО) Шилегов: Целосно ќе се посветиме на решавање на проблемот со загаденоста на воздухот

Од:

Со планот за развој на Град Скопје и општините и со поддршка од централната власт Скопје ќе прерасне во европски град достоен за живот на граѓаните, порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов на вечерашниот митинг во Кисела Вода.

„Целосно ќе се посветиме на проблемот на решавање на загаденоста на воздухот. Ќе воведеме принцип на задолжително надоместување на изгубеното зеленилото. Итно се зафаќаме со гасификацијата на местата коишто не се опфатени со системот на парно греење. Ќе го намалиме загадувањето и за граѓаните ќе воведеме евтин енергенс“ порача Шилегов.

Како дел од мерките за обезбедување здрава животна средина и почист воздух во Скопје, кандидатот за градоначалник Шилегов посочи дека Скопје ќе прерасне во велоград и ќе се започне со ревитализација на парк шумата Водно.

„Водно ќе го вратиме на скопјани. Водно ќе биде повторно белите дробови на нашиот град“ порача Петре Шилегов на митингот во Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?