(ВИДЕО) Шекеринска од Битола: Вративме стотици милиони евра кај граѓаните, парите се од граѓаните, за граѓаните

Од:

„Излегуваме пред граѓаните со сигурна понуда, можеме е сигурна понуда за повисоки плати и повисоки пензии. Нашиот фокус во следните 4 години откако ги решивме сите тешки прашања, откако станавме членка на НАТО, откако добивме почеток на преговори со ЕУ е да ја трансформираме нашата економија. Да обезбедиме нова развојна македонска економија.

Еден од главите фокуси ќе биде да обезбедиме повеќе шанси и повеќе пари за компаниите и граѓаните“, рече носителката на листа во ИЕ 5, Радмила Шекеринска.

„Минималната плата ја задржавме на 14.500 во период на целата пандемија. Очекуваме и планираме со нашата програма со нашата програма и поддршка на компаниите, оваа минимална плата да порасне во следните 4 години за 40 проценти.

Ова го кажуваме како луѓе и како влада, која за само двеипол години да ја покачи минималната проценти за 60%. Покажавме дека можеме да обезбедиме и повисока минимална плата и повисока просечна плата. И очекуваме во следните четри години просечната плата да порасне за 30%

Домашните фирми не ги оставаме на цедило. И овој пат ќе ги поддржиме со дополнителени 600 милиони евра. Со членството во НАТО, обезбедуваме рекорден број на странски инвестиции“, изјави Шекеринска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда