(ВИДЕО) Шекеринска: Ни требаат регионални депонии кои нема да бидат отров за околината

Од:

Македонија сe врати на вистинскиот, на европскиот пат, кој ќе и овозможи со европска помош да напредува брзо и на централно и на локално ниво, преку директна помош за државни и општински потреби, водоводи, канализации , пречистителни станици…, порача вечерва заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на средбата со жителите на селото Неготино. Жителите од ова село се сретнаа и со кандидатот за градоначалник во Општината Врапчиште Даут Демири.

„Македонија успева да се врати на сцената како држава на која што Западот смета. И ЕУ и НАТО, ни велат вие завршете ја вашата работа, ние ќе ви помогнеме Македонија да биде стабилна, сигурна и да оди напред. Зборуваме и за тоа дека европските пари ќе се насочат за вистинските потреби на граѓаните. Општинските потреби, државните потреби, економијата, малите претпријатија, водоводи, канализации, пречистителни станици“, нагласи заменик-претседателката Шекеринска.

Во текот на средбата граѓаните се пожалија на загадување на животната околина, особено од труењето од дивите депонии и побараа овој проблем што е можно побрзо да се реши.

„Затоа е битна локалната самоуправа. Прашањето на депониите и отпадот ја труе цела држава. Тие се еколошки бомби, вклучително и скопската депонија, иако за неа многу пари се дадени, проблемот не е решен. Општините се задолжени, но сами не можат да го решат проблемот. Ни требаат градоначалници и Совет кои ќе сакаат да ги решат вистинските проблеми, а не да градат споменици, не да крадат пари. И затоа, можам да ви кажам, дека веднаш по локалните избори ќе почнеме разговор со сите региони. Како државата може да го помогне проблемот. Нам ни требаат регионални депонии, но не регионални депонии кои ќе бидат отров за околината, туку регионални депонии, од кои ќе можат дури и да се вадат пари“, порача заменик-претседателката на СДСМ, Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски