(ВИДЕО) Шекеринска и Сугарески во Прилеп: Оддаваме почит на загинатите борци за слобода

Од:

Празникот „Ден на народното востание – 11 Октомври“, денеска традиционално во Прилеп со свечена церемонија на положување свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски Питу и а спомен обележјето Могила на непобедените.

Владината делегација, предводена од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, придружуван од министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил и заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на паднатите борци на НОБ.

На овие свечености свое учество имаше и делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија, и на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, придружувана од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Во рамките на свеченоста, министерот Сугарески и министерката Шекеринска дадоа изјави за медиумите.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, го честиташе овој голем празник со пораката дека „непобедени се сите оние кои се бореле за слобода и како ресултат на нивната борба пред многу години, денеска Македонија е независна и суверена држава, но дека секоја генерација има своја борба“.

Министерката Шекеринска истакна дека „нашата држава покажува дека е зрела да продолжи да ја развива демократијата и економијата и да ја зајакнува безбедноста, и дека на овој ден, покрај почитта која ја даваме на загинатите борци, време е да се посветиме и на оние кои денес безрезервно ја штитат нашата држава и државни интереси.

Затоа, нагласи Шекеринска владата на Република Македонија во буџетот за 2018 година успеа да обезбеди 10 проценти зголемување на сите плати во АРМ.

Министерот Сугарески го честиташе големиот празник на народната борба за слобода и независност, и истакна дека „борбата за европска Македонија се темели и почива на она што значи слобода, демократија и човекови права.“

Во оваа пригода Сугарески порача дека демократските и развојни процеси кои се отпочнати нема да запрат и дека Република Македонија ќе биде пристојно место за живеење каде младите ќе сакаат да останат за да го градат својот живот.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он