Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска по средбата со амбасадорите на ЕУ И САД, Џес Бејли и Аиво Орав кажа дека час поскоро треба да има решение за политичката криза. Според неа, државата се наоѓа во ситуација во која секое од прашањата во Договорот од Пржино виси и не смее да се дозволи кризата да добива на интензитет.
– Со оневозможување на криминалните избори и повлекување на аболицијата на Иванов, се отвори шанса за повторно да бараме решение за сериозната политичка криза. Ова денеска беше шанса партиите да ги кажат ставовите на меѓународната заедница за тоа какво решение предвидуваме за крај на оваа политичка криза. Што се однесува до опозицијата, ни треба час поскоро да се исполнат сите услови за фер и демократски избори и тие избори да знаеме дека нема да бидат повторување на претходните криминални избори, рече Шекеринска.
Иако медиумите побараа став и од Никола Тодоров, тој без никаков одговор си замина.
Александар Тодески