(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Од:

Градоначалникот Кирил Пецаков и централната власт на ВМРО-ОКГ, директно го доведоа Охрид пред впишување на Листата на светско наследство во опасност. Ова повеќе не е предупредување, туку официјална нацрт-одлука на УНЕСКО. Документот на Комитетот е јасна потврда за целосниот институционален неуспех. Експертите нотираат нула напредок на терен и нула отстранети дивоградби во изминатиот период. Откако Пецаков е градоначалник, стопирано е дури и рушењето на дивоизградените платформи по плажите. Локалната власт свесно ги штити овие објекти кои нелегално го узурпираат охридското крајбрежје, вели Асен Шајн претседател на ОО СДСМ Охрид.

-Власта свесно одбива да ги суспендира 19-те спорни Детални урбанистички планови. Истовремено, Генералните урбанистички планови за Охрид и Струга со години намерно се блокираат. Езерото секојдневно се загадува. Проблемот со колекторскиот систем не се решава, додека новите инфраструктурни проекти се туркаат без задолжителната Стратегиска оцена на животната средина. Доказ за криминалните шеми на ВМРО-ОКГ со уништување на Охрид и и Охридско е месноста „Горица 3“. Таму непречено се гради масивен хотелски комплекс на парцела од над 15.000 квадратни метри.

Планот за управување експлицитно забранува градење на крајбрежните возвишенија кое го нарушува пејзажот. И покрај тоа, Општина Охрид, инспекторатите и министерствата молчат и одбиваат да ја стопираат градбата, која се гради напречено. Не се носи Законот за Охридско Езеро чие донесување ќе поремети повеќе бизнис интереси. Ниту една препорака од сите мисии на УНЕСКО кои се однесуваат на локалната самоуправа не е реализирана, напротив само е влошена состојбата на сите полиња: инфраструктура, урбанизам, дивоградби, туризам.

Очигледно, за ВМРО-ОКГ се е бизнис и дури ни статусот на најголемото национално културно богатство не е поважно од тоа. Наместо уривање на дивоградбите и воведување ред, владата најавува дипломатско лобирање во Јужна Кореја. Статусот во УНЕСКО не се штити со политичко пазарење по конференции, туку со строго спроведување на законите. Бараме итен прекин на сите градежни активности во критичните зони, почнувајќи од комплексот во „Горица 3“. Бараме итна суспензија на деструктивните урбанистички планови и покренување одговорност за институционалното непостапување. Оваа корумпирана и криминална власт, заглавена во сопствените тендерски мрежи, тотално го запостави Охрид. Водени исклучиво од лукративност и профит, тие свесно го жртвуваат највредното светско наследство што го има Македонија. Имаме една порака! Завршува времето на криминалот и неказнивоства! Ќе одговарате од прв до последен, за се ова што му го правите на Охрид!Доаѓа времето на вистината и правдата, нагласува Шајн.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик