(ВИДЕО) Шахпаска: Со новиот Закон го враќаме правото на жената сама да одлучува и обезбедуваме безбеден абортус

Од:

„Владата предводена од СДСМ и коалицијата усвои нов Закон за прекин на бременоста.

Правото на жената за прекин на бременоста е неприкосновено. Жената сама, свесно носи одлука за раѓање и број на деца.

Прекинот на бременост мора да е е безбеден, во услови и на начин согласно медицина базирана на докази и од стручни лица“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Нема веќе административни процедури: комисии, нема веќе пристрасно советување, нема 3 дена чекање, нема веќе носење одлуки во нејзино име.

Прекин на бременост ќе се прави и на примано ниво на здравствена заштита во услови и начин предвидени со закон.

Прекин на бременост ќе се прави по барање и дадена согласност на жената до 12 седмица, а во одредени случаи и до 22 седмица.

Жената ќе знае како се изведува, колку и какви последици носи интервенцијата. Животот на жената е пред се.

Минатата власт донесе закон кој го отежна пристапот до безбеден абортус, го ограничи правото на избор, ги стигматизираше и осудуваше жените.

Со новиот закон се гарантира нејзиното достоинство, приватност, информираност и доверливост.

Со овој закон исполнуваме уште едно изборно ветување. Законот наскоро ќе влезе во собраниска процедура и апелираме до сите пратеници заеднички да го поддржиме во интерес на жените и нивното здравје“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ