(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Од:

Сестрата на Теодора Ристевска, која ја прегзи и усмрти Менсур Пајазити низ солзи изрази неверување дека казната за тоа е само две години. Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.

Колку вреди животот на сестра ми? Дали животот некој може да и го врати? Дали нејзината младост некој може да ја врати? Мојата младост дали може да ја врати, мојата душа дали може да ја врати? Две години го осудија човеков што уби човек, две години го осудија, колку вреди животот во Македонија, праша сестрата на убинената Теодора. Со две години ние треба да сме задоволни? Не не може. Ако стигне до максимана казна тогаш ќе има правда, јас верувам во правда..

Менсур Пајазити, кој во септември во 2022 година, ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, судот во Тетово го осуди на само две години затвор откако тој призна вина.

Во септември 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.

Би можело да ве интересира

Убиената Елма го пријави сопругот за демнење, а тој ја уби со својот службен пиштол

Горан Наумовски

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

(ВИДЕО) Ужасни детали од убиството на 14-годишното девојче за кое е обвинет пејачот Д4вд

Уапсен е Вехид Муриќ, осомничен за тројното убиство во Подгорица: Меѓу жртвите е и српски државјанин

Горан Наумовски

Трагедија во Црна Гора: Тројца браќа се убиени во населбата Стар Аеродром

Горан Наумовски

Крвава пресметка во Загреб – млад човек од БиХ убиен со два истрела

А1он