ВИДЕО: Семејствата во шок, со највисоки почести се оддава последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Од:

Со највисоки државни почести се преземаат телата на 45 македонски државјанаи кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа која се случи во Бугарија. Семејствата кои дојдоа на скопскиот аеродром се во шок и неверување, со солзи додека македонските војници ги пренесуваат посмртните останки во погребалните возила.

Последна почит, оддаваат државниот врв предводен од премиерот Зоран Заев, шефот на државата Стево Пендаровски, домашни и странски делегации, роднини на загинатите. Присутни се и претставници на Исламската верска заедница, како и Македонската православна црква.

Според протоколот, телата за загинатите со 45 погребални возила ќе бидат пренесени кај семејствата, а потоа погребани.

Истовремено, последна почит се оддава и на плоштадот „Скендербег“.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021