Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

Од:

Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов за БТВ изјави дека причината, според истрагата, е губење на контролата на автобусот од страна на возачот и пребрзото возење. Заклучоците треба да бидат испратени до македонските власти, откако двете страни на денот на несреќата се договориле истрагата да ја води само бугарската страна.

„Тоа е една човечка трагедија без преседан по бројот на жртви, но и без преседан, како интензитет на работа што ја завршивме. Всушност, истрагата е завршена и останува само по судски пат да бидат известени властите во Македонија. Со оглед на тоа дека и семејствата на настрадните имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата“, изјави Сарафов.

На 23 ноември автобусот на „Беса транс“ удри на дел од заштитната ограда на автопатот „Струма“ кај селото Боснек. Од вториот удар во другата заштитна ограда автобусот се запали.

Во пожарот загинаа 45 македонски државјани, меѓу кои и возачот, а седуммина преживеаја. Заменик-главниот обвинител Сарафов во различни медиумски настапи тврдеше дека нема поврзаност на несреќата со ознаките на патот, но заштитната ограда на која бил нанижан автобусот е опасна и придонела за несреќата. Потоа, неколку пати беше поправена инфраструктурата околу местото на инцидентот.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021

Еден месец по автобуската несреќа обновен сообраќајот на автопатот Струма

А1он