(ВИДЕО) Селмани: Законот за медиуми спротивен на европските препораки

Од:

Предлог законот за медиуми и Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не се во духот на европските стандарди, порачаа денеска претставниците на ЗНМ, ССНМ, МИМ и Центар за развој на медиуми. Медиумската заедница побара Владата да ги повлече затоа што Владата не успа да ги вгради суштинските забелешки на домашните и меѓународните институции.

Наместо Закон за медиуми, Владата треба да понуди законско решение за владините кампањи и за донациите на медиумите за изборната кампања на политичките партии, порачаа тие.

Насер Селмани, претседател на ЗНМ истакна дека и покрај поделбата на законот, Агенцијата за медиуми ќе ги регулира медиумите, што е во спротивност со препораките на експертите од Советот на Европа и ОБСЕ.

Претставниците на медиумските здруженија изразија загриженост и околу независноста на регулаторното тело, односно Агенцијата за медиуми. Иако има зголемување на учество на цивилниот сектор во предлагањето на членови во Агенцијата, сепак најголем дел ќе бидат предложени од политичките инситуции како Собранието и ЗЕЛС.

Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ, истакна дека со надзор на Агенцијата ќе се убие секој обид за создавање независен медиумски бизнис, а новинарите ќе бидат практично лиценцирани со условувањето да имаат договор за работа.

Селмани посочи дека не е прифатена ни сугестијата на експертот од Советот на Европа со која номинацијата и изборот на членовите на Советот од Комисијата за избори и именувања да се врши со двотретинско мнозинство.

Дејан Георгиевски, истакна дека законот за медиуми предложен во оваа форма е потполно непотребен, а целата проблематика за усогласување со директивата со аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поставена од ЕУ, можела да да се реши само со амандмани на постоечкиот закон за радиодифузија.

Претставниците на медиумските здруженија порачаа Владата да го повлече Предлог законот за медиуми бидејќи нема никакво образложение и потреба од истиот, а посочија дека Предлог законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да се корегира во согласност со забелешките од домашните и странските институции.

„Ни останува она што веќе заеднички го кажавме, оној дел од законот кој што е именуван како Закон за медиуми да се повлече од собраниска процедура“, порача Чаусидис.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава