Од Владата преку Министерството за правда и до Собранието вечерва повторно се одржа протест против францускиот предлог. Неколку илјади граѓани и вечерва се собраа да ја пренесат пораката „Ултиматум- Не благодарам“.
Со македонски знамиња и со транспаренти на кои пишува „Сепак ние ќе победиме“, „Стоп за бугаризација“, „Со фашисти не преговараме“ и слични пораки демонстрантите стигнаа пред Собранието.
„Треба цела Македонија да се крене на нозе. Се обидувам да разберам зошто воопшто да преговараме кога и онака 15 години нема да влеземе во Европската унија. Не сакам да преговарам за нешто што е мое. Не сакам да ме нарекуваат Северомакедонка“ – порача актерката Весна Петрушевска која беше дел од говорниците.
Протестите продолжуваат и утре.