ВИДЕО: Се уште неизвесно кога граѓаните ќе може да докупат стаж за пензија

Од:

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани, уверува министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

„Ние кажавме дека ова прашање ќе биде регулирано во Закон, меѓутоа не кажавме во која временска рамка тоа ќе се заврши“, вели Шахпаска.

Министерката вели дека реформите кои течат, а се со поддршка на Светската банка и се однесуваат на пензинскиот систем имаат своја временска рамка до почетокот на 2024 година.

Таа вели дека треба да се има предвид дека пандемијата со Ковид-19 ги забавила дел од процесите кои се одвиваа минатата година.

„Во моментот во МТСП интензивно се работи на законското решение за работни односи. Интензивирани се активностите во работната група, затоа што тоа е првиот приоритетен закон кој треба да се донесе оваа година. Понатаму Законот за безбеност и здравје при работа. Паралелно со ова, а со поддршка на Светска банка, во МТСП се одвива и проектот со којшто се предвидува воспоставување на централен регистар на осигуреници во државата, понатаму носење на нов закон за вработување на лица со попреченост, како и реформите во пензинскиот систем. Паралелно во МТСП се работи на сите овие прокти“, вели Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

СДСМ: Нова програма за европска иднина: Просечна пензија од 500 евра

Горан Наумовски

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

Пензионерка до Меџити: Ние со еден бубрег кога ќе добиеме ленти за мерење шеќер, пензијата од 12.500 не стигнува за нашите лекови

Орце Костов