ВИДЕО: Се урива плажата „Немо“ во Охрид, приведен охриѓанец поради закани на полицијата

Од:

Со еден приведен утрово продолжи уривањето на плажата „Немо“ или Горица три во Охрид откако Владата донесе Уредба плажите да се вратат во првобитна состојба поради истечените концесии.

Очевидци велат дека утрово еден од сопствениците на плажата се заканувал на полицијата и работниците кои ги демонтирале шанкот и урбаната опрема на плажата.


Охридската полиција потврди дека едно лице е приведено.

„ На 17.06.2020 година во 09,30 часот, во СВР Охрид, поради нарушен јавен ред и мир на плажа во комплексот ’Инекс’,  приведен е В.М. (41) од Охрид.  Против него, ќе биде поднесена  соодветна пријава“, велат од охридската полиција.

Општина Охрид извести дека се отстрануваат грабите кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. Предвидено е уривање на шанкови, потпорни ѕидови, платформи, натстрешници и сета урбана опрема.

Очевидци велат дека утрово еден од сопствениците на плажата се заканувал на полицијата поради што бил приведен

Владата на 63 седница ја дополни Уредбата за примена на законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, а предвидува сите концесионери чии договори се истечени или раскинати задолжително да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба.

Со Уредба од Владата сите закупци со истечени или раскинати договори плажите треба да ги вратат во првобитна состојба

Контрола на теренот нема да прават општинските инспектори туку инспектори од Пазарниот инспекторат и од Управат за јавни приходи.

Дел од концесионерите на плажите во Охрид најавија дека ќе ја почитуваат Уредбата без разлика на огромните трошоци што ќе ги претрпат, но предупредија дека градот останува без понуда за туристите, многумина вработени остануваат без работа, а држава без даноците и придонесите за кои велат дека уредно ги плаќале.

Би можело да ве интересира

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Околу 10 000 граѓани треба да го пријават доходот остварен во странство

Катерина Ѓуровски

Казни за матичните гинеколози кои наплаќале ЕХО, ПАП и други услуги што ги покрива Фондот

Масовно неиздавање фискални сметки, плати во „плик“, скриен промет – УЈП контрола кај угостители и трговци

Катерина Ѓуровски