(ВИДЕО) Се смести и Неџат Аголи на постаментот кај Телеком

Од:

Споменикот на Неџат Аголи, кој на 21 мај годинава беше донесен од Фиренца заедно со спомениците на поетот Јосиф Багери и Пјетер Богдани е наместен на постаментот пред зградата на Телеком.

Иако Аголи беше донесен во мај, се чекаше да се подготви постаментот, па потоа да биде поставен.

Овој спомениик, како и двата други е споменик кој владата на седница одржана на 12 јануари годинава го задолжила Министерството за локална самоуправа, преку општина Центар, да организира транспорт од италијанскиот град Виченца до Скопје.

– Јавноста треба да ја знае вистината со какви политички манипулации и игри се служат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за добивање гласови. Општина Центар за проектот „Скопје 2014“ била пералница за пари. Од документите се гледа дека општина Центар требала само да ги префрли парите за споменици на Неџат Аголи, Јосиф Багери и Пјетер Богдани, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски во март годинава.

ВМРО-ДПМНЕ претходно вршеше притисок врз Жерновски зошто не се поставени спомениците, велејќи дека нема да го напаѓаат доколку ги постави, но кога на полноќ се поставуваа спомениците, како нивен доставувач до Скопје се јави општина Чаир.

Инаку, Неџат Аголи е прв Министер за здравство во владата во 1945 година.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

(ВИДЕО) „Не тргуваме со историја, не даваме да се минира кај Зебрњак“: Жители на Тромеѓа го штитат културното наследство

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот