ВИДЕО: Искршени и оштетени возила, дел ги однесе водата во невремето во Скопје

Од:

Силното невреме го поплави булеварот „Јане Сандански“, но и автомобили кои возеле во моментот кога силен град и дожд паѓаа во овој дел од Скопје. Сообраќајот беше делумно блокиран, а многу возила се оштетени од паднати дрвја.

Водата на делови од булеварот, достигнуваше висина со жардењерите. Некои од возачите се одлучија да излезат од возилата да ги остават, бидејќи не гледаа решение во моментот. Дел од возилата ги однесе водата.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов јадра со поизразена нестабилност има и околу Штип, Велес, Демир Хисар и Св. Николе.

Засега е познато дека има и десетици оштетени возила во Скопје, поради паднати дрвја, но и покриви.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници