Димни факели и голем број јајца фрлија вечерва демонстрантите кон Канцаларијата на претседателот во центарот на Скопје. Се скандира „Оставка!“, „Мафија на робија!“, „Готово е Никола!“, „Мафијашка држава“.
Тензично е пред Канцаларијата на Иванов во центар. Револтираните граѓани ги палат фотографиите од Ѓорге Иванов.
Народната канцаларија на Иванов кај „Рекорд“ ја брани кордон полиција, но тоа не ги спречи демонстрантите да фрлат димни факели, а целата зграда да ја обојат со јајца.
Друг кордон полиција ги спречува демонстрантите да се упатат кон Собранието на РМ.