ВИДЕО: Се чисти депонијата во Бутел, трошоците ќе ги платат лицата што заработија кривична

Од:

Се чисти дивата депонија во Бутел. Механизацијата на ЈП „Улици и патишта“ веќе трет ден го собира шутот и градежниот отпад и се очекува целосно да биде исчистена за околу 10-тина дена, информираат од Инспекторатот на Град Скопје. Како што вели инспекторот Горан Трајчевски, чистењето на депонијата следи по налог на обвинителството откако претходно беше поднесена кривична пријава против три лица кои со месеци неовластено трупале смет. Трошоците за чистењето ќе паднат на товар на осомничените кои го организирале исфлањето на градежниот шут и направиле дива депонија.

„ Знате дека Инспекторатот првично им даде рок на организаторите сами да ја исчистат депонијата, но тие не го сторија тоа и продолжија да депонираат смет. По поднесувањето на кривичната пријава, обвинителката даде налог да се исчисти овој простор и ние веднаш ги ангажираме јавните претпријатија „Улици и патишта“ и Комунална хигиена. Градежниот отпад се чисти интензивно и се депонира на депонија лиценцирана за таква намена. По завршувањето на работите на терен, на лицата ќе им бидат испорачани фактури за трошоците што биле направени за ангажирање на механизација и работници.

Инспекторот Трајчевски рече дека местото што се расчистува е обезбедено со комунални редари за да се спречи евентуално ново трупање смет на депонијата.

„Во ова пригода сакам јавно да апелирам да не се исфрла смет во ноќните часови затоа што имаме редарска служба, која доколку забележи камион или возило на местото веднаш ќе повика инспекција. Најавувам дека ќе бидеме ригорозни, ако затечеме лица или камиони како фрлаат ѓубре ќе им бидат изречени казни помеѓу 5.000 и 6.000 евра“, вели инспекторот Трајчевски.

Од депонија во Бутел до сега биле изнесени околу 700 милиони кубни метри отпад, претежно земја и градежен шут. Според проценките на инспекторите, по целосно расчистување на депонијата се очекува ова бројка да биде десет пати поголема затоа што се работи за депонија на огромна површина од над 30 илјади метри квадратни.

Инаку, инспектори од Градот излегоа на терен откако „А1он“ објави дека во Бутел има огромна депонија на која камиони секојдневно исфрлаат градежен шут и никој не ги запира. За состојбата алармираше семејството Здравкови кое се пожали дека на плацот секојдневно сопствениците на соседниот плац им се истураат градежен шут и земја. Немоќни да се справат со нив, јавно ги повикаа надлежните да излезат на терен и да ги казнат сторителите, а парцелата да им се исчисти и врати во состојбата пред да биде натрупан сметот.

Би можело да ве интересира

Жители на Ѓорче Петров стравуваат од Чернобил: Протест против депонија и барање за чист воздух

Заев: Дивите депонии се неодговорност на институциите, градоначалниците и инспекциите

Ана Ололовска

Еко Герила: Општините често не постапуваат по пријавите на граѓаните за еколошка несовесност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пропадна акцијата за чистење на депонијата, Бутел и натаму се дави во ѓубре

Габриела Димковиќ-Мишевска

Засега нема спас од депонијата „Буково“, Петровска вели: „Не е лето, нема да гори“

Кристијан Ландов

Бутел потпиша со нигериски кадетски репрезентативец

А1он