(ВИДЕО) СДСМ: Сватовите на Гаши со приватни возила биле пропуштени на граница без контрола

Од:

Денеска ќе го разоткриеме скандалот со самоволието на коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши, но и јасно ќе ја обзнаниме улогата на МВР во целиот скандал. Она што досега го знае јавноста, е дека партнерот на Мицкоски, Африм Гаши приватно со цела свита обезбедување бил на свадба во Косово со службено возило. Но ова е само мал дел од скандалот за кој денеска ќе ги изнесеме сите информации, вли портпаролката на СДСм Богданка Кузеска.

– Она што се крие од јавноста е уште поголем проблем за кој дебело треба да одговара Тошковски. Станува збор за тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце и пропуштање на приватни возила и лица без контрола кои патувале во поворка заедно со Гаши и сватовите. Според информациите кои од свиркачи се доставени до СДСМ, границата со Косово била отворена за службените возила на Гаши, но и за други приватни возила кои исто така биле дел од поворката по невестата. Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување и приватните возила биле пропуштени без конотрла. Според информациите кои ги добивме, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити. Да биде скандалот уште поголем, во возилата каде се што се возело обезбедувањето на Гаши, имало и дел од сватовите односно приватни лица што е законски недозволено, рече Кузеска.

Таа вели дека според ова границата со Блаце била целосно приватизирана за потребите на Гаши и тоа со амин на МВР и одговорните службеници. Со ова е нарушена безбедноста на државата и проверката на патници која е задолжителна со закон.

– Прашуваме, кој ја дал наредбата за ова? Дали лично Гаши или Тошковски? Кој од МВР бил одговорен да го организира ова своеволие? Бидејќи, јасно е дека без команда да се пропуштат возилата ова не можело да се случи. Дали контролата на границата кон Косово е целосно препуштена на партиските структури на ВЛЕН? Кој гарантира што се поминало низ границата во приватните возила? СДСМ бара сериозна истрага од Јавното обвинителство и одговорност од сите инволвирани за овој скандал. Бараме Тошковски да си поднесе оставка или да биде разрешен во најкратка постапка. Бараме внатрешна контрола да утврди одговорност на сите кои ги пречекориле овластувањата во МВР, а Јавното обвинителство да понесе соодветни кривични пријави, потенцираше портпаролката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница