(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Ристески влезе во џамија во Прилеп да моли за гласови, а граѓаните му свртија грб

Од:

„Во екот на изборната кампања за овие локални избори, Марјан Ристески влезе да моли за гласови во џамијата во населбата „Тризла 2“ во Прилеп, а граѓаните му завртија грб.

Лицемерието на Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ го препознаа сите граѓани на општина Прилеп. После сите навреди за Ромите што ги слушнавме во „Бомбите“ и негрижата за овие наши сограѓани во изминативе 12 години власт на Марјан Ристески, граѓаните Роми со право му вртат грб.

Марјан Ристески, 12 години ги лаже овие наши сограѓани од населбата „Тризла2“, особено граѓаните што живеат во „Три багреми“ и „Мексико“, кои што ги остави без чиста вода, без струја, без канализација, без улично осветлување, без основни услови за живот.

За овие наши сограѓани, Марјан Ристески не е добредојден ниту во џамијата.

Новата локална власт, на чело со Илија Јованоски, после 15 октомври ќе започне со итно решавање на приоритетните проблеми на граѓаните од населбата „Тризла 2“ во Прилеп.

Ќе имаат вода за пиење, ќе имаат превоз за своите деца, ќе имаат квалитетно улично осветлување, хигиена во населбата и ќе имаат струја.

Со посебен проект, за овие наши сограѓани ќе се изнајде сигурно, станбено решение, така што наместо картонски бараки, ќе имаат сигурен дом.

Затоа граѓаните ќе гласаат за бројот 19 и за промени.

Во Прилеп ќе има живот за сите“ се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор