(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Продолжува хаосот со екстерното тестирање

Од:

„Продолжува хаосот со екстерното тестирање во Прилеп, но и во цела Македонија. И покрај огромното незадоволство во јавноста, стресот кај децата и родителите, револтот кај наставниците, нелегитимната Влада на Никола Груевски упорно го турка екстерното тестирање.

Наставниците се под притисок и закана од казни со што целосно се дефокусирани од основната образовна и просветна дејност којашто треба да ја извршуваат“, рече на денешната прес-конференција Еленче Ташкоска, член во Советот на Општина Прилеп.

„Дали може знаењето на еден ученик да биде оценето со 30 прашања кои ги одговара во времетраење од 1 час?

Дали наставникот кој го следи ученикот преку целата учебна година нема доволно капацитет да го оцени неговото знаење, неговата активност и целокупниот негов ангажман?

Дополнително, со тоа што прашањата и одговорите се достапни, се отвора можност оние ученици кои не пројавиле интерес за наставата и покажувале слаби резултати на редовните тестови во текот на целата учебна година, да ги научат напамет одговорите и да добијат повисока оцена. Тие ученици вистински не се стекнале со знаење а наставникот сепак ќе биде казнет за наводната негова неспособност за оценување.

Екстерно тестирање од ваков вид има само во Македонија. Во Европа и светот, се укажува на можни пропусти, се подобрува образовниот процес и нема казни за наставниците.

Почитувани родители, наставници, ученици, знаеме дека ова е еден од најстресните периоди за Вас и Вашите деца-ученици. Ги разбираме вашите реакции од штетните проекти на нелегитимната власт на Груевски кои создадоа хасот во образовниот провес.

Ставот на СДСМ е укинување на екстерното тестирање. Во својата програма СДСМ нуди евалуација на знаењето на учениците, но без внесување на оценки во нивните свидетелства и без казнени елементи во законските одредби за наставниците. На оние училишта што ќе покажат слаби резултати ќе им биде дадена помош и поддршка за унапредување на наставата“, изјави Еленче Ташкоска, член во Советот на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте