(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Прилепската болница оставена без реагенси за крвна слика!

Од:

„Катастрофата со прилепската болница е дотаму стигната што изминатиот викенд немаше ниту реагенси за испитување на основна крвна слика за пациентите. Замислете, во 21 век, во болницата во Прилеп, со денови не беше направена крвна слика на ниту еден лежечки болен, опериран, или новопримен пациент.

Што ли ќе се случеше, ако беше доведен пациент со тешка повреда, од сообраќајна незгода, или со животнозагрозувачко крварење?

Веќе втора година, болницата работи со блокирана сметка, во субстандардни услови, без лекови и потрошни материјали кои каснат до бесконечност“, рече на денешната прес конференција Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

„Болничката аптека е празна. Недостигаат основните хигиенски средства и лекарства. Всушност, секој што дошол да се лекува во прилепската болница, во било кој оддел, со самото отворање на историја, добива и список со се она што самиот треба да си го набави за да се лекува во болницата.

Ете ова е прилепското здравство во 21-век! Срамота и гревота!

Ги прашуваме премиерот и министерот за здравство во заминување, Никола Груевски и Никола Тодоров, колку за нив вреди здравјето на прилепчани?

Револтот на граѓаните од Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани, односно целиот регион кој го покрива болницата е огромен поради крајно неодговорното однесување на Никола Груевски, за кого здравјето на прилепчани, очигледно, не вреди ништо.

Кога се одвојуваат 6 милиони евра за фонтана, за најголемата хуманистка, Мајка Тереза, на која за разлика од власта на Груевски материјалната корист и била непозната, мора да се покаже барем малку грижа и одговорност за здравјето на прилепчани.

СДСМ смета дека здрави граѓани се предуслов за здраво и напредно општество. За СДСМ здравјето на луѓето е на прво место. По април 2016 година, превземаме обврска секој граѓанин да има пристап до неопходната здравствена заштита, како клучно човеково право во секоја нормална, напредна држава“, изјави Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он