ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Од:

СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за рушење на уставниот поредок и злоупотреба на функцијата.

На прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ изјави дека Мицкоски, од позиција на премиер, се однесува како „обвинител и судија“, јавно најавувајќи кривични прогони и таргетирајќи луѓе од опозицијата и нивните семејства.

„Христијан Мицкоски повеќе не се крие – тој однапред нарачува судски процеси против неистомислениците. Ова претставува скандал од невидени размери и целосно уривање на правниот и уставниот поредок“, рече Димитријевиќ.

Според СДСМ, ваквите изјави се сигнал дека судството и обвинителството се претвораат во алатка за политичка одмазда, што, како што велат, е својствено за авторитарни режими.

Партијата информираше дека поднела кривична пријава против Мицкоски за злоупотреба на службената положба и овластување, повреда на рамноправноста на граѓаните и загрозување на сигурноста.

Од СДСМ побараа Јавното обвинителство веднаш да постапи по пријавата, да го повика премиерот на распит и да, како што наведоа, докаже дека никој не е над законите.

„СДСМ нема да се повлече пред заканите“, порача Димитријевиќ, додавајќи дека партијата ќе продолжи, како што рече, со борбата против криминалот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание