Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ги коментира реакциите од Бугарија за случајот со Ива Михаилова, оценувајќи дека изјавите на бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков и министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев не заслужуваат внимание.

Радуков во изјава за бугарската телевизија БТВ рече дека би бил изненаден ако македонските власти не знаеле за заминувањето на Михаилова од земјава. Демерџиев, пак, во поткаст изјави дека официјална Софија ниту ќе ја бара ниту ќе ја предаде Михаилова на „српските власти“.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на 100 нови амбулантни возила, Мицкоски рече дека има што да одговори, но смета дека одредени поединци не заслужуваат внимание.

„Видете, имам што да одговорам, но одредени поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието. Мислам дека ваков тип на естрада што денес ја гледаме таму, а која е поврзана со фолклорот за нивните претседателски избори, не заслужува коментар“, изјави Мицкоски.

Премиерот порача дека и медиумите не треба да им обрнуваат внимание на ваквите изјави, туку да ги игнорираат.

Би можело да ве интересира

Судот во Кочани го одби барањето за онлајн судење на Ива Михајлова

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мицкоски финасирал омраза кон Бугарите, обвинителот бил „бугарофоб“ – Ива Михаилова на подкаст во Бугарија

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци