(ВИДЕО) СДСМ: Јавното обвинителство да ја преиспита сомнителната продажба на млечниот пазар во Прилеп

Од:

Елена Ташкоска – Член на Совет на Општина Прилеп од редовите на ОО СДСМ Прилеп денеска на прес-конференција рече дека бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш биле над интересите на граѓаните.

– Класичен пример за тоа е наследената катастрофалната финансиска состојба во ЈКП „Пазари“, што е директна последица на раскрчмувањето и сомнителната распродажба на имотот на претпријатието од страна на поранешната власт, за што вчера информираше актуелниот директор, Кристијан Илиески. Ги повикуваме Основното јавно обвинителство и финансиската полиција веднаш да ја преиспитаат сомнителната продажба на поранешниот млечен пазар. На продадената локација од над 1600 м2 што се наоѓа во строгиот центар на Прилеп, ЈКП Пазари имаше свој имот и десетина дуќани, од кои претпријатието остваруваше редовен приход. Млечниот пазар привично бил продаден на фирмата „КАМ – ФУД“, според кој ЈКП Пазари требало да добие 25% од објектот што требало да се гради на локацијата, а потоа со нов договор бил продаден на фирмата „Тинекс“, од којшто ЈКП „Пазари“ нема инкасирано никакви средства на својата сметка, рече Ташкоска.

Таа додаде дека со продажбата, млечниот пазар и дуќаните биле турнати. Претпријатието го загубило овој имот, сметаа дека и дека за истиот досега нема добиени ниту денар.

– Затоа, законитоста на целата постапка со продажбата на млечниот пазар мора да биде темелно разгледана и преиспитана од страна на сите надлежни институции. И додека поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески и поранешниот директор на „Пазари“ Пецо Димоски, се фалеа со ваквата распродажбата на јавниот имот, вработените во претпријатието останувале без плата, без надоместоци кои по закон им следуваат, а претпријатието тонело во долгови. За расипничко и недомаќинско стопанисување со јавниот имот од страна на поранешната власт, одговорност мора да има.
Заврши криминалното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога функционерите на власта беа над законите, а институциите се обидуваа да ги сокриваат и заташкуваат нивните незаконски постапки. Општина Прилеп и Република Македонија забрзано чекорат по патот на развојот и прогресот, а граѓаните тоа го препознаваат, рече Ташкоска.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда