ВИДЕО: СДСМ ја напушта Работната група за настаните од 24. декември

Од:

Се вжештува политичката состојба. По најновите апсења за случајот „Претседавач“, и одредувањето на 30 дневен притвор за претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ, СДСМ ќе го замрзне учеството во работната група за спроведување на препораките од Извештајот за 24. декември.

„СДСМ нема да молчи по она што се случува и за пораките кои власта ги испраќа кон сите граѓани. Новото притворање е демонстрација на сила и само сеење страв кон граѓаните. Тврдат дека предметот е отворен повеќе од 3 години, а името на предметот е „Претседавач”. Знаеме дека господиниот Шипковиќ е претседавач само 4 или 5 месеци на Советот на општина Центар, со што се покажува каква е намерата на власта. Едно е сигурно веднаш ќе го замрзнеме учеството во Работната група во Парламентот за имплементација на препораките од Извештајот за настаните на 24. декември.Ова дефинитивно нема смисла.

Оваа група има за цел да ги спроведе препораките од Извештајот за настаните од 24-ти, за да не се повторат овие настани, а денеска власта провоцира нови.Ќе разгледаме уште многу демократски мерки кои и стојат на располагање на опозицијата. Опозицијата е овде ќе ја одигра заштитнчиката улога за народот.Ова што се случува со пресумцијата на невиност и директниот атак на централната во локалната власт ќе има своја рефлексија. СДСМ нема намера да молчи и да не реагира “, рече Заев.

СДСМ во недела ќе одржи состанок на сите партиски органи и функционери на кој ќе донесат одлуки за нивното понатамошно дејствување.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска