(ВИДЕО) СДСМ Босилово: Жителите на Дрвош и Иловица во 21 век немаат вода за пиење!

Од:

„Во 21 век жителите на с.Дрвош се сочуваат со недостик на вода, неопходна за живот на секој човек.

Старата водоводна мрежа иако е во функција, никој не ја одржува. Водата којашто се влева во резерварот е забранета за користење и не е испитана ниту хемиски ниту бактериолошки, и тоа со години“, рече на денешната прес конференција Анкица Аризанова, ОО СДСМ Босилово.

„Во изминатиот период, токму во најголемите горештини, ниту ваквата вода не можеше да допре до граѓаните поради рестрикциите на секои три дена. Само еден час во денот, граѓаните добиваа неисправна вода, заматена и полна со кал.

Слична е ситуацијата и во с.Иловица. И таму граѓаните немат чиста и здрава вода за пиење, туку користат само техничка вода. Затоа граѓаните на Иловица се приморани вода за пиење да користат од селските бунари и чешми како во 18-от век.

Ваквата кастрофална состојба со недостаток на вода трае со години, со што е загрозено здравјето на граѓаните од Дрвош и Иловица. Иако во Буџетот на општина Босилово за 2015 година има одвоено 6 милиони денари, или околу 100.000 евра, за обезбедување на вода за пиење ништо не се превзема. Иако беше прифатен амадманот на СДСМ и владата одвои средства од 2 денари за вода за граѓаните на Босилово овој сериозен проблем не е решен.

Неодговорно и срамно е градоначалникот на Босилово да излегува во јавноста и да раскажува за некакви негови заложби за решавање на проблемот.

Градоначалникот на Босилово од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Колев има обврска да им одговори на граѓаните:

Зошто одвоените средства за обезбедување на чиста вода не ги искористи за да се реши или барем да се ублажи проблемот со водоснабдувањето?

Каде завршија 6 милони денари, пари наменти за обезбедување на чиста вода за граѓаните на Босилово?

Како е возможно да се биде градоначалник на општина Босилово од 2009 година а во селата да нема чиста и исправна вода за пиење, како што е примерот со с.Дрвош и Иловица?

Колку треба да е голема неодговорноста на еден градоначалник и за период од пет години да не обезбеди питка вода за своите граѓани?

Алармираме, во интерес на граѓаните на Босилово проблемот со водата за пиење веднаш да биде решен, без одлагања“, изјави Анкица Аризанова, ОО СДСМ Босилово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски