(ВИДЕО) СДСМ: Бесплатни часови по англиски, германски и математика за децата со посеби потреби

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз се приклучува кон одбележувањето на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Со цел да им го олесниме образовниот процес на децата со хендикеп, општинската организација на СДСМ од Прилеп организира бесплатни часови по англиски и германски јазик за сите млади лица со посебни потреби“, рече Бети Тодеска – Член на Советот на Општина Прилеп.

„Дополнително, покрај обуките за странски јазици за децата со посебни потреби, волонтерите од СДСМ ќе обезбедат и бесплатни часови по математика.

Сите заинтересирани ќе можат да се пријават за бесплатните обуки во просториите на општинската организација на СДСМ и на нашата Веб страна, до 31 Декември 2014 година.

Ваквата пракса ќе ја продолжиме и во иднина, со цел да им го олесниме социјалниот притисок на семејствата во кои има деца со посебни потреби.

СДСМ веќе иницираше бесплатен јавен превоз за сите лица со хендикеп што беше изгласано во Советот на општина Прилеп и ќе продолжи со заложбите нашите сограѓани да ги добијат сите свои права.

Порачуваме дека сите ние сме граѓани на Република Македонија и лицата со посеби потреби имаат право на еднакви можности и целосна интеграција во општеството“, изјави на денешната прес-конференција Бети Тодеска – Член на Советот на Општина Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците