(ВИДЕО) Рускоска: Не е важно кое обвинителство ќе постапува по предметите на СЈО, сите сме обвинители

Од:

Обвинителката Вилма Рускоска по завршните зборови во предметот за 27 април, на прашање на новинарите рече дека според постојниот закон за специјалното јавно обвинителство, СЈО треба да им ги предаде предметите на редовните обвинителства.

Рускоска рече дека по одлуката на Апелациониот суд во Скопје кој потврди дека бомбите може да бидат докази во постапката, и тие да ги застапуваат предметите пред судовите нема никаков проблем.

„Не е битно кое Обвинитеслтво постапува по предметите. Сите сме обвинители. Одлука на суд е одлука на суд“, рече Рускоска. Вчера Врховниот суд потврди дека СЈО нема надлежност да покренува обвиненија и да води истраги по рокот од 18 месеци на иницијатива на двајца адвокати на неколкумина обвинети во предметите на СЈО.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај