ВИДЕО: Објавен разговор меѓу Заев и лажната Грета

Од:

Руските пранкери Вован и Лексус на „Јутуб“ објавија разговор од експремиерот Зоран Заев кој го имал со лица кои се претставиле како активистиката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Иако разговорот е снимен минатата година, снимката е објавена денеска. Ова е втор пранк за Заев, откако претходно, русите објавија разговор во кој му се претставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Дека разговорот меѓу Заев и лажната Грета се случил, во ноември 2019 потврди и советникот за односи со јавност, Марјан Забрчанец, кој го опиша како хибриден напад. Тогаш, Забрчанец посочи дека експремиерот навреме се посомневал во идентитетот на соговорничката, но, сепак разговорот бил воден до крај, за да се потврдат сомнежите. Разговорот бил закажан преку македонското дипломатско претставништво во Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Грета Тунберг: Германија не треба да ги затвора своите нуклеарни централи

Ана Ололовска

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска