(ВИДЕО) Ромите бараат: Јанкулоска да ги удостои со одговор дали таа предлагала да се влечат за уши

Од:

На денешниот протест пред Владата Ромите побараа уште еднаш јавно извинување од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по снимените разговори кои ги објави опозицијата каде за време на предизборната кампања министерката, наводно, предлага Ромите да се извадата на гласање така што ќе бидат влечени за уши. Акиф Кариман, од Здружението „Романо Авази“ и порача на министерката да се одважи, па макар и да негира дека тоа е нејзиниот глас на снимките.

– Очекувам министерката во најмала мера да се одважи за тоа што го слушнавме во објавените снимки. Па макар и да каже дека тоа не била таа – рече тој.

Ова Здружение по марширањето од Топаана, до Владата достави барање за подобрување на условите во кои живеат Ромите. Тие пред се бараат да се укине правилникот за социјална парична помош затоа што, велат, од оваа помош преживуваат голем број на Роми.

– Верувам дека првото барање за укинување на новиот правилник за социјална парична помош во најскор можен рок ќе биде укинат затоа што претставува најголем проблем за ромската заедница. Голем дел од нас се корисници на социјална помош и нема како да преживеат затоа што им е помошта им е укината – рече Кариман.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска