(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од Преспа Форум во Струга откри дека рокот кој му е даден на ВМРО-ДПМНЕ да размисли дали ќе гласа за уставни измени, односно за договор помеѓу власта и опозицијата за предлозите од последната лидерска средба, е до почетокот на првото гласање во Собранието за отворање на Уставот .

– Ние работиме на две паралелни патеки, во опозицијата во целина и посебно со пратениците. До денот на пленарната седница кога ќе има прво гласање, отворени се опциите да има договор со опозоцијата по однос на устанвите измени вклучувајчи го и планот од три точки кој го предложив вчера.

Јас се надевам дека во следнио период од Влада до Собрание ќе биде препратен предлогот на уставната комисија и ќе почнат да течат роковите за да се дојде до првото гласање. До тој момент имаме шанси за договор со опозицијата – рече Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија