„Ровер“, „Монструм“, се предмети за кои СЈО ќе се произнесе кога ќе има индикатори за покренување постапка. Засега во обвинителството комисија ги слуша материјалите и доколку се најде основа обвинителството веднаш ќе се произнесе. Ова го кажа обвинителката Ленче Ристоска на новинарски прашања во Специјалното јавно обвинителство.
Ристоска посочи дека не е побаран притвор за осомничените во “Тортура“ поради тоа што директорот на УБК повеќе не ја врши таа функција.
-Да, дел од осомничените без повикани во СЈО, за “Ровер“ немаме се уште никакви новости, за “Поткуп“ очекуваме да воспоставиме соработка, рече таа.
Ристоска кажа не сакаше да коментира до каде е постапката за предметот “Кампања“ за Љубе Бошкоски, односно употребата на заштитениот сведок во судењето.
-Во овој момент не можеме да коментираме за тој дел, рече Ристоска а на прашањето дали се испитува вршена тортура врз Бошкоски во затворот, таа одговори:
-Имаме податоци, но не можеме сега да излеземе со нив за што се работи.
Во однос на прашањето дека Бирото за вештачење потврдило дека Катица Јанева лажела за становите, Ристоска го отфрли ваквото тврдење.
-На нејзино име нема станови во Скопје, имаат децата нејзини кои се полнолетни, обвинителката го користи правото на службен стан и се плаќа по 300 евра месечен закуп за изнајмен стан. Не гледаме никаков скандал тука, рече Ристоска.
Таа кажа дека во Централниот регистар, немало уништување на материјали.
-Нас ни требаа документи за одредени компании, но не соопштуваме сега за кои правни лица ги баравме документите. Централниот регистер 30 дена не одговараше на нашето барање, а на 30 ден ни соопшти дека не им е јасно што бараме. Затоа беше побаран судски налог, рече Ристоска.
Повеќе од видеото.