Материјалите за конструиран судски процес „Ровер“ не се доставени во специјалното јавно обвинителсто, информираше обвинителката Ленче Ристевска, по денешното покажување на аудио материјали и транскрипти од екс министерот Љубе Бошкоски во судницата.
-Тоа и ние денеска го дознавме , но ниту Бошкоски ниту неговата одбрана во текот на денот немаат доставено материјали, доколку достават ќе се произнесеме, рече Ристевска.
Материјали за “Ровер“ односно како се договара казната за Бошкоски и целиот судски процес претхдно кажа дека поседува и СДСМ и од партијата најавија дека ќе го предадат на специјалната јавна обвинителка.
Според неа, нема доставено ниту материјали за лажните лични карти.
– За аферата која ја објави неделникот „Фокус“ за лажните лични карти, уште не сме утрдиле дали сме надлежни бидејќи се уште го немаме добиено предметот . Овој случај моментално не е доставен но нашите сознанија одат до таму дека и тој предмет е поврзан со незаконското следење на комуникации, рече Ристевска.
Таа кажа дека се постапува за предмети кои се однесуваат на изборните нерегуларности, но не откри против кои лица се води предистражна постапка.
-Постапуваме по предметите каде им изборни нерегуларности, против кои лица за нас е ирелевантно, никој не може да биде над законот и мора да одговара за своите дејствија. Се работи за предистражни дејствија кои сега се тајни, рече Ристевска.
Според специјалното јавно обвинителсто, СДСМ ги нема доставено сите материјали од прислушувањето, но изразуваат надеж дека брзо ќе ги добијат. Таа го отфрли трдењето дека се работи за кривично дело.
-Ние од партијата на Заев добивме информација дека се спремни да ги достават. Ние сами ќе ги побараме материјалите и од СДСМ, со оглед дека беше иразена подготвеност за соработка, рече Ристевска.