ВИДЕО: Републичките стручни тимови помагаат при извлекување на настраданите граѓани во Драч

Од:

Тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, од вчера попладнето се во Албанија за да помогнат во спасувачките акции на локалните власти.

Од доцна синоќа тимовите на републичките сили – тим за заштита од урнатини на ДЗС, преку офицерот за врски добиваат комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Покрај тимовите ДЗС, упати и специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација која се користи за да се дојде до евентуалните преживеани.

На терен се и припадници на МВР со куче спасувач специјално тренирано за пронаоѓање преживеани под урнатините.

Досега тимовите лоцираа и извадија од урнатните две починати лица на две локации во срушените згради.

Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука да се издвојат 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он