(ВИДЕО) Ременски: Со системските решенија на СДСМ, ставаме крај на неправдите кон земјоделците

Од:

Денеска сме со жителите на Ресен и ресенско. Се запознаваме со нивните проблеми и ги нудиме и споделуваме решенијата од програмата на СДСМ за проблемите што ги имаат ресенчани. Има голем број проблеми. Најголеми проблеми се од егзистенцијална природа, рече потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.

„Граѓаните коишто произведуваат јаболко и се јаболкопроизводители се жалат за ниската откупна цена на јаболкото и за несоодветниот и ненавремен пласман. Исто така апелираат и забележуваат дека даденото ветување од владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ е нереализирано, односно штетите претрпени од пролетниот мраз не се проценети, ниту граѓаните се обесштетени. Тоа е недозволиво и не смее да има издвојување од државниот буџет за тркалото на лудоста и на сите други луксузни проекти на Груевски и ВМРО ДПМНЕ што се реализираат во Скопје, а сите други градови во РМ, како и Ресен, производството да остане недопрено.

Затоа апелираме дека промени мора да се случат и промени ќе има, не само за овие проблеми, туку за сите проблеми што Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги создадоа во последните 10 години. СДСМ со системски мерки во земјоделието ќе обезбеди државна гаранција за откупот на јаболкото и пласманот на јаболкото.

Со низа системски решенија ќе го подобриме амбиентот за производство и развој на земјоделието во РМ, но најважно од се е дека новата влада на СДСМ, по промената на власта, ќе обезбеди достапност до субвенциите за земјоделците, за вистинските земјоделци, а не за луѓето коишто воопшто не се занимаваат со земјоделие, а сите овие 10 години ги злоупотребиле субвенциите. Промени ќе има и мора да има“, рече Ременски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!