(ВИДЕО) Разрешениот директор на ЗОО: Не сум никаков убиец, ова било правено и во минатото

Од:

„Не сум никаков убиец“, вака разрешениот директор Кристијан Стаменов, одговори на обвинувањата дека од скопската Зоолошка градина направил кланица. Тој објасни дека коњите кои се заклани во кланицата на установата, билe изнемоштени. Ова според Стаменов, не е прв ваков случај, на што тој сведочел како вработен во изминатите 12 години.

„Според одлуката на Управниот одбор, која се носи во последните 20 години се врши т.н. економско искористување на животните кои во консултација со стручните лица во Зоолошката се во состојба пред умирање, болни, со неизлечливи рани и инфекции, крајно изнемоштени, кои не можат да бидат рехабилитирани. Ова не е прв случај, имало бројни случаи и во минатото. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни, пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите. За разлика од претходни години сега над животните кои не можат да се спасат или боледуваат се спроведува навистина хуман третман“, кажа Стаменов.

Тој беше дециден дека немал намера, ниту помислил да изнемоштува и убива животни.

„ Во претходниот период имавме добар пример, коњот кој го спасивме од Дебар маало беше животно во тешка состојба, но успеавме да го рехабилитираме да биде само дополнителна вредност на зоолошката градина, така сум постапувал со сите животни. Од самиот почеток на моето назначување за в.д директор на зоолошката градина бев мета на разни напади, физички пресметки, закани, притисоци и опструкции за кои дел од нив бевте сведоци самите“, додава Стаменов.

Тој смета дека станува збор за директен атак насочен спрема него.

„Морам да истакна дека запазени се сите законски процедури во оваа постапка која не е нималку популарна, но која е одраз само на правилно спроведување на заштитата на животните. Јас мојата невиност ќе ја докажам пред институциите, и секогаш ќе имам неизмерна љубов кон сите животни“, додава разрешениот директор.

Против него е покрената и постапка за убивање на животни, за што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека нема да толерира вакви постапки.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он