(ВИДЕО) Рашковски бега: Колку пари заработи од мекици, дали уште го вози Волвото, дали работи софтверот

Од:

Ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски обвинет за незаконско тендерирање и набавка на софтвер, како и исплата на хонорари од кои земал за себе, нема одговори на прашањата поради кои е во судница. Единствено реши да обвини за селективност. Тој беше прашан дали и натаму семејството Рашковски го управуваат возилото „Волво“ сопственост на фирмата „Г. Б. Ц. системи“ од која фирмите кои добивале тендери набавувале софтвери, кабини, камери.

dobivaj vesti na viber

„Читајте убаво, гледајте, следете, немојте селективно да давате ваши коментари и така, благодарам“, кажа Рашковски.

Од обвинетиот беше побаран и одговор колку пари се заработуваат од мекици, откако лани, тој самиот кажа дека од таму потекнува заштедата на неговите деца. Немаше одговор ниту дали софтверот работи. Молчеше и на обвинувањата од вештакот дека софтверот не може ниту да се вклучи.

Единствена реакција имаше кога му беше посочено дека обвинува за селективност, а молчи на прашањата и рече: „Ви благодарам многу“.

На укажувањето дека тој со молкот е селективен, иако му се дава шанса да даде одговори и свој став за прашањата, тој рече: „Убав ден, фала ви“.

Обвинителката Ивана Трајчева, по судењето во изјава за медиумите посочи дека финансиското вештачење го дало одговорот на прашањето дали Рашковски навистина заработил пари од мекици и од таму потекнува заштедата на неговите деца.

Би можело да ве интересира

Сведок во „Софтвери“: По состанокот кај Рашковски, Луковски ми кажа дека системот можеме да го набавиме од ФИНКИ

Кристијан Ландов

„Софтвери“: Наместо фирмата која добила тендер, системот и хардверот во Влада ги однела компанијата на надворешниот соработник, тврди сведок

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Обезбедувачот на Рашковски: Ми даваше кеш за да му плаќам кредити, школарини, осигурување

Кристијан Ландов

Рашковски со кривични пријави за обвинителките Русковска и Трајчева

Горан Наумовски

Став на Рашковски: Брејди (англ. Brady) против Ивана Трајчева и Вилма Русковска

Ана Ололовска

Рашковски: Дали Ивана Трајчева и Вилма Русковска поминале обуки организирани од Амбасадата на САД или канцеларијата на Европската комисија?

Ана Ололовска