(ВИДЕО) Рамадани: Дел од албанските гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ, Тачи треба целосно да се повлече од политиката

Од:

Познат е стилот на Мендух Тачи, тој секогаш знае да калкулира, но чудно е што калкулира во ситуација кога веќе не претставува фактор, вели за А1он аналитичарот Исмет Рамадани по вчерашното прегласување во Теарце, за каде се шпекулира дека гласовите на ДПА преминале на контото на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од оваа позиција, тој ќе има влијание во партијата, односно на тие две пратенички места каде што и тој самиот е пратеник и најверојатно ќе оди до крај со некоја калкулација каде што може да извлече некаков профит со тоа што останало од ДПА, но едно е сигурно дека веќе е дефакторизиран и како лидер и како партија, вели Рамадани.

Според него, телефонскиот разговор од „бомбите“ на СДСМ, во кој според Зоран Заев, лидерот во оставка на ДПА, Мендух Тачи му вели на Сашо Мијалков дека му е „верен до гроб“ му нанесе голема штета на Тачи како личност, но и на ДПА како партија.

– Тој виновникот го бара кај Зоран Заев, односно СДСМ, но треба да размислува и понатаму затоа што е речиси сигурно дека уште по страшни бомби може да има и неговиот верен пријател, односно ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека Мендух Тачи е во незавидна пложба и дури мислам дека тој најдобро е веќе целосно да се повлече и воопшто да не се меша и во понатамошниот тек на состојбите и сите комбинации затоа што нема кредибилитет да може да влезе во некакви игри каде што веќе не претставува фактор, рече за А1он Рамадани.

Тој вели дека за тоа каде завршиле гласовите може само да се шпекулира, но самите бројки покажуваат дека дел од албанските гласачи сепак гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако ја земеме вкупната ситуација, односно вкупниот број на гласовите, добро е што опозиционо настроените граѓани го дадоа најголемиот број на гласови, во ова изборно место победничка партија е СДСМ, но не можеше да го постигне посакуваниот резултат, немаше некој капацитет на вкупните гласови за да дојде до промена иако теоретски шанси имаше. Чудно е што на прегласувањето, кога другата страна најави дека нема да учествува, излезноста беше добра и албански гласови има и за ВМРО-ДПМНЕ, а се очекуваше дека речиси 100% албанските гласови во Теарце ќе бидат на контото на СДСМ. Тука не смееме да заборавиме дека и турски гласови отишле кај ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нивната партија е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, вели Рамадани.

Тој додаде дека оставката на Мендух Тачи најверојатно доаѓа по фијаското на изборите, каде тој освои само два мандата, па веќе не се чувствува како некој голем лидер, како што претходно се гледал самиот себе, но и дека Тачи неколку пати претходно ја најавувал својата оставка.

ВМРО-ДПМНЕ иако рече дека нема да го признае прегласувањето, вчера ја прогласи победата и додаде дека партијата останува посветена на формирање нова Влада.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски