(ВИДЕО) Радев воодушевен што бил првиот странски претседател што го посетил манастирот Свети Јован Бигорски

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити вчера го посетија манастирот Свети Јован Бигорски.

Радев на Фејсбук напиша дека е воодушевен што бил првиот странски претседател што го посетил манастирот. Тој напиша дека високо ја цени улогата на Бигорскиот манастир за зацврстување на довербата и пријателството меѓу Македонија и Бугарија.

„Заминав од тоа место со чувство на долг и со увереност дека треба да работиме така да имаме поголема доверба и уште поголемо пријателство и да бидеме уште поблиски“, напиша Радев. Тој денеска објави видео од неговиот прчек и посетата на манастирот.

Би можело да ве интересира

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства